Џерард Пике две недели нема да се појави на фудбалските натпревари, поради повреда на бутниот мускул. Повредата ја доби во саботата, во поразот на Барселона од Реал Сосиедад.
Се претпоставува дека првиот натпревар по повредата ќе биде за реванш осминафиналниот дуел во Лигата на шампиони со Манчестер Сити, кој на програмата е на 12 март.
Барселона по првиот натпревар има предност од 2:0. Пике ќе ги пропушти натпреварите со Алмерија следниот викенд и со Ваљадолид на 8.март.
