ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 30гр шеќер за карамелизирање
* 2 пакетчиња ванила
* 8 лажици шеќер
* 10 јајца
* 1л млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Ги матиме јајцата и шеќерот, па го додаваме млекото. Потоа ја додаваме и ванилата.
- Го карамелизираме шеќерот и го распределуваме во формички, во кои ќе ја печеме кремата.
- Откако карамелот ќе се излади, ја додаваме смесата од јајца.
- Ги ставаме формичките во плех со многу вода и печеме на умерен оган околу 30 минути.
- Водата не смее да зоврие, бидејќи кремот ќе стане шуплив. Ако започне да врие, веднаш додадете ладна вода.
