Спорт

Дејвид Мојс со нова шлаканица!

„Ја превземам одговорноста за поразот. Одигравме катастрофално, не заслуживме ништо повеќе од пораз“, рекол Мојс по натпреварот.

Манчестер Јунајтед против тактички беспрекорната, пожартвувана и дисциплинирана игра на Олимпијакос немаше апсолутно никакви шанси за позитивен резултат. Првиот и единствен обид за постигнување на гол „црвените ѓаволи“ го имаа во 81-та минута, кога Ван Перси од изгледна позиција шутираше над голот.

„Изненаден сум. Не можам да разберам зошто вака потфрливме. Ова не го очекував. Ова е нашиот најлош натпревар во Европа. На играчите не им е сеедно, но убеден сум дека на домашен терен ќе биде подобро“, порачал Мојс.

Робин ван Перси ја игра најлошата сезона во Премиер лигата и во Лигата на шампиони.

Write A Comment