Брилијантен натпревар во Сакраменто одигра Џејмс Харден кој го предводеше Хјустон до победата од 103:129.
Некогаш најдобриот шести играч во лигата, постигна сезонски рекорд од 43 поени. Интересно Харден до овој ефект дојде за само три четвртини.
Минесота победи во Феникс со 110:101, а Кевин Лав беше на чекор до вториот „трипл дабл“ во кариерата. Крилниот центар на Минесота натпреварот го заврши со 33 поени, 13 скокови и девет асистенции.
Резултати, НБА:
Кливленд – Торонто 93:99
Индијана – Лејкерси 118:98
Вашингтон – Орландо 115:106
Атланта – Чикаго 103:107
Денвер – Портланд 95:100
Феникс – Минесота 101:110
Сакраменто – Хјустон 103:129.
