Да немав спонзорство од дизајнерите, сигурно ќе ме гледавте со многу малку промени во текот на годините. Сметам дека е невкусно да правите промена на чевлите и фустаните секој ден“, луто одговори пеачката Хелена Розга.
Откако фановите на фејсбук страната на пеачката Розга и забележаа дека безброј пати ги облекла истите чевли и јавно ветиле дкеа ако треба тие ќе и купат други, хрватската пеачка огорчена се огласи за овој настан.
Пеачката ја погодило што фановите и рекле дека истите кондури ги облекла 59637 пати. Со тоа Розга напишала подолго образложение.
„Гледам дека моментално главен проблем на нацијата е грижата за моите штикли. Ајде да го решиме тоа: Ќе ги облечам уште 100 пати! Во земјата во која бројот на невработени е повеќе од 380.000 и преку третина се на работ на сиромаштијата, невкусно е да менувате кондури и фустани секој ден!“, пишала пеачката.

