Чешлајте ја косата
Подобро би било со четката да поминете 100 пати дневно низ косата. Имено, од чешлањето косата станува сјајна и крута, а најдобри резултати ќе добиете ако ја користите меката четка.
Избегнувајте препарати
Сушење, пеглање и фарбање, како што знаете, ја уништуваат косата. Освен тоа, разни лакови, пена и слични препарати ја оптеретуваат косата па ако баш не можете да живеете без нив, барем два пати неделно оставете ја косата сама без да и правите нешто и побрзо ќе порасне.
Не ја мијте косата често
Секојдневното миење ја уништува косата и крајно време е на својата коса да и дадете пауза. Не само што косата од толку шампони станува сува, се распаѓа и многу повеќе паѓа. Токму поради сувата коса, косата расте поспоро.
Пијте многу вода
Овој совет можете да најдете во секоја прилика за здрваје и убавина во целото тело. Така и поради косата треба да пиете многу вода за да ви порасне побрзо.
