ШоуБиз

Бранџелина и “фудбалскиот тим” во Јапонија:)

Анџелина Џоли и Бред Пит од вчера се во посета на Јапонија заедно со своите деца.

Слетале на аеродромот во Токио, а на папараците кои ги пречекаа веднаш им се појавија насмевки на лицата. Целта на оваа посета е премиерата на филмот на Пит со наслов „Moneyball“. Во оваа прилика, Бред уште еднаш покажа дека моментално негува имиџ со долга коса и брада.

Големото семејство е заедно; Бред и Анџелина долетале во Јапонија заедно со сите шест деца, да не кажеме со целиот фудбалски тим.

Во план имаат да посетат многу работи низ Токио.

Write A Comment