Кога си во друштво со моторџии ќе слушнеш секаков муабет, па и споредба на моторот со жената. Еве неколку издвоени примери кои моторот го прават подобра опција отколку да имаш жена.
Се сложувате ли вие?
- Моторите не се жалат, освен ако нешто стварно не е во ред.
- Слободно можеш да го удриш со нога својот мотор ако си нервозен.
- Можеш да го делиш својот мотор со пријателите.
- Ако твојот мотор е премногу гласен секогаш можеш да купиш пригушувач.
- Моторот не се грижи за тоа колку мотори си возел пред него.
- Ако твојот мотор се оштети, секогаш можеш да го поправиш.
- Кога возиш, и ти и твојот мотор стигнувате во исто време.
- Моторот никогаш нема да се налути ако гледаш други мотори.
- Не мораш да бидеш љубоморен на сервисерот кој го поправа твојот мотор.
- Не мораш да се занимаваш со свештеници и тестови на крв за да го регистрираш својот мотор.
