Уживајте во авангардната класика, надополнета од Вашата омилена состојка – чоколадото !!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто –
250 милилитри вода
50 грама маргарин
150 грама пченично брашно
30 грама гриз
4 јајца
Малку прашок за пециво
За фил –
1 пудинг од чоколадо
½ литар млеко
2 лажици гриз
125 грама маргарин
3 штангли чоколадо за готвење
Прелив – чоколаден прелив
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад кој одговара, ставете вода и 50 грама маргарин и оставете да повријат, а потоа додајте ги пченичното брашно и гризот. Мешајте додека не добиете маса во облик на топка од тесто. Тргнете ја од ринглата, па почнете да ги додавате јајцата, едно по едно и мешајте со миксер, на најголема брзина. Кога масата ќе се олади додајте многу малку прашок за пециво ( на врвот од ножот ) и промешајте.
Смесата ставете ја во шприц за торта, истиснете две траки една до друга, а врз нив истиснете уште една. Постапката повторете ја додека подготвената смеса не се потроши. Еклерите се печат во рерна, на 200 °C, 20 минути.
Во млеко, додајте го пудингот, помешан со две лажици гриз. Тргнете го од ринглата и додајте го чоколадото. Матете го маргаринот додека не добиете пенаста смеса, а потоа додајте го оладениот пудинг и промешајте. Еклерите сечете ги на половина па филувајте ги. На крај, прелијте ги со чоколаден прелив.
Уживајте во вкусот !!!
