ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500 грама брашно
* 150 грама шунка
* 200 грама кашкавал
* 100 милилитри млеко
* 1 свеж квасец
* 2 јајца
* 200 милилитри јогурт
* 1 прашок за печиво
* 4 лажици масло за јадење
* Сол и бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во подлабок сад ситно исечкајте ја шунката, додадете го ренданиот кашкавал и претходно изматените белки од јајцата, и добро соединете ги состојките.
Во друг подлабок сад брашното измешајте го со жолчките, јогуртот, квасецот, млекото и прашокот за печиво, посолете и замесете тесто.
Откако ќе го замесите тестото, направете топчиња во големина на орев, исукајте ги, наполнете ги со фил и повторно формирајте топче. Направените топчиња наредете ги во тава за печење, премачкајте ги со мешавина од млеко и жолчка и печете ги на 200 степени Целзиусови 30 минути.
Уживајте!!!
