ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Напомена: земете чаша од 2дцл.
* 2 чаши брашно
* 1 чаша шеќер
* 1 чаша млеко
* паоловина чаша масло
* 1 јајце
* 1 пециво
ФИЛ:
* 1,5 кг јаболка или колку што сакате
* шеќер, зависи од тоа колку се кисели јаболката, околу 1 чаша
* 1 лажиче цимет
* 1 пакетче ванила
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Јаболката изрендајте ги, посипете ги со шеќер, ставете цимет и оставете ги да стојат додека ја подготвувате смесата за корите.
Сите состојки за тестото измешајте ги заедно. Во подмачкана и побрашнета тава со средна големина, околу 23 на 32см, ставете половина од смесата и печете ја во претходно загреана рерна на 180 степени околу 10 минути. Тестото треба да остане полупечено. Врз тестото распоредете ги јаболката и сокот кој го пуштиле и одозгора ставете го останатиот дел од смесата па печете уште околу 30 минути додека колачот не добие жолта боја. По желба ставете и суво грозје.
