ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500мл слатка павлака
* 70гр пармезан
* 30гр горгонзола
* 70гр маоцарела
* 70гр тврд кашкавал
* 1/2 лажица брашно
* 1кг замрзнатаи њоки
* 2 лажици презла
* малку сецкан магдонос
* сол, бибер
* 2 јајца
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сварете ги њоките според упатството. Во широк, плиток сад, на умерен оган сварете ги павлаката и сирењата и кашакавалот. Мешајте додека не се стопат. Додадете брашно, сол и бибер и тргнете го садот од оган. Измешајте две јајца и додадете малку магдонос. Њоките ставете ги во голем ватростален сад, полиете ги со добиената смеса и ставете малку презла. Печете ги 10 минути во претходно загреана рерна на 200 степени.
