Оваа година за титулата на Мастерс турнирот во Индијан Велс, ќе се борат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.
Ѓоковиќ по речиси два ипол часа игра го победи Изнер со 2:1 (7:5, 6:7, 6:1). Српскиот тенисер во вториот сет два пати сервираше за победа, но Изнер успеваше да се одбрани и на крајот во тај брејк да го освои вториот сет.
Претходно, Федерер со 6:3, 6:1 го совлада Долгополов. Украинецот беше рамноправен ривал само во првите шест гема, односно до резултатот 3:3. Во продолжение на мечот Федерер на противникот му препушти само еден гем и забележа рутинска победа.
Ѓоковиќ во Индијан Велс ќе го одигра првото финале во 2014, додека Федерер ќе игра во своето второ финале, тој минатиот месец ја освои титулата во Дубаи.
