Михаел Шумахер веќе десет недели се наоѓа во кома. Иако сите силно веруваат во неговото закрепнување, лекарите стануваат се позагрижени и даваат поинакви прогнози.
Михаел шумахер и понатаму се наоѓа во вештачки предизвикана кома, а според изјавите на лекарите шансите за опоравување стануваат минимални. Сепак, неговото семејство не губи надеж и силно верува дека шампионот во Формула 1 ќе се разбуди.
“Неговото семејство е многу силно, ништо не може да ги обесхрабри. Секој ден се во болница, ја прифатија ситуацијата и се обидуваат да се борат заедно со Михаел. Им се восхитувам”, изјавила менаџерката на Шумахер, Сабина Кем и додала дека Михаел и понатаму се наоѓа во фазата на будење.
