Кога патувате во Њујорк ќе доживеете неверојатно искуство веднаш штом ќе стасате и кога одеднаш ќе се појави овој голем град пред вашите очи!
Најголемото возбудување е кога ќе ги осетите првите чекори по Менхетен. Од далечината се чувствува харизмата на овој град, шумата од облакодери, реките луѓе од сите различни раси, кутира и нација.Набрзо ќе сфатите дека сте дошле во центарот на светот, место за урбано живеење, опуштеност и прогресивни луѓе. Ова е место каде странецот се чувствува ко дома.
Кога ќе сте тука мора да ги откриете парковите, познати ресторани и кафичи.

