Ова е еден од најлуксузните и најголеми бродови што го обиколуваат светот. Наречен е Queen Mary 2. Бродот вреди 700 милиони евра, кои се искористени на 17 палуби, луксузни кабини, дури 15 ресторани и кафетерии, 5 базени, казино, планетариум, театар и други луксузи во кои патниците можат да уживаат.
Внатрешноста на бродот е вистинска уметничка ризница со преку 5.000 дела кои се распоредени по ходниците, скалила и бројни заеднички простории. Флората и фауната од сите краеви на светот е исто така изложена по ходниците на овој брод.

