Cerruti 1881 го ангажираше фотомоделот Феликс Геснуина за својата нова колекција пролет/лето 2014.
Како и до сега, со неверојатна елеганција и отмени предмети, со едноставни линии ја претставуваат филозофијата на дизајнот. Во новата природна палета на бои, додадени се дополнителни финеси и ситни детаљи.
Нивните одела за оваа сезона се совршенство и се претставени со тесни панталони, сако комбинирано со поло маици. Се на се, мажите во оваа колекција ќе бидат приметени каде и да се појават.

