Спорт

Антиќ не се враќа во репрезентација!

 „Мислам дека 99% не би можел да ме предомисли поради тоа што и оваа сезона имав проблем со повредите.  Како прво, со стапалото.  Имав и операција.  Иако мала фрактура, незначителна, но сепак и тоа е повреда.  Сакам да го одморам телото. Соиграчите од репрезентацијата ќе ме имаат како поддршка на трибините, на тренинзите, но многу потешко е дека ќе учествувам на натпреварите“, рекол Антиќ.
Македонецот е задоволен од својата деби сезона во НБА лигата и дека во тоа многу му помогнале тренерот Мајк Баденхолзер и соиграчите. По повредата на ѕвездата на тимот, Ал Хорфорд, Перо Антиќ се наметна во првата петторка и речиси секој натпревар го завршува со двоцифрен број на поени.
Добрите игри кои ги прикажа на почетокот од годината му го донесоа и повикот за настап на „Ол-стар“ натпреварот, на кој не учествуваше поради повреда на стапалото.
„ Никој не очекуваше дека со 31-на година ќе бидам на тој `ол-стар` меч.  По повредата, и довербата што ја добив од тренерот, одиграв супер цел месец и мислам дека заслужено ја добив поканата од тренерите и гласовите да учествувам на тој натпревар. Штета што поради повредата не играв, но сепак ме повикаа да бидам дел од тимот“, дополни Антиќ.

Write A Comment