Спорт

МЗТ подобри од Работнички!

Играчите на МЗТ кои ги победија Работнички со 76:72, речиси во целиот натпревар имаа контрола врз играта и резултатот, а на крајот пресудија осумте поени предност со кои ја завршија првата четвртина (22:14) и односот во офанзивни скокови 10-5 за МЗТ.

МЗТ во третиот период имаше и двоцифрена предност од 12 поени, а во последните три минути влезе со позитива од 70:61.

Работнички во последните три минути заигра пресинг, а серијата од 11:2 го доближи на само поен негатива.

Во последните 30 секунди, најпрвин Шеховиќ погоди тројка, на која возврати Красиќ со два поени, Синовец погоди едно од двете слободни фрлања, а последниот шут на Петровски за победа на Работнички на една секунда до крајот заврши на обрачот.

Write A Comment