Мојата кујна

Крцкави, посни печени лепчиња

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2дл кисела вода

* 1/2 лажица прашок за пециво

* 1/2 лажица сол

* 3 лажици масло

* брашно по потреба

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Соединете ги маслото и водата, во брашното измешајте го прашокот за пециво и солта па замесете тесто кое нема да се лепи за прстите. Тавчето ставете го на оган да се загрее и подмачкајте го со неколку капки масло. Кинете парчиња од тестото и развлекувајте  со помош на раце лепчиња со големина колку тавата, ставете ги да се пржат, затворете ги со капак и намалете го огнот. За една до две минути лепчињата ќе бидат запечени, завртете ги на другата страна, запечете ги и повторувајте ја постапката додека не го потрошите тестото.

Write A Comment