Мадона повторно ќе режира така што нејзиниот трет филм ќе биде адаптацијата на дебитантскиот роман на американската писателка Ребека Вокер „Ade: A Love Story”. Филмот ќе го продуцира Ребека Вокер, ќерка на славната Алис Вокер којашто ја доби престижната Пулицерова награда за романот „Бојата на пурпурот” од 1982 година, и Бус Коен кој ги продуцираше холивудските хитови „Во добро и во зло” и „Виор на животот”.
Според The Hollywood Reporter, Мадона и продуцентите во моментов се во потрага по сценарист кој би го адаптирал романот за филмска сторија.
Економскиот магазин Forbes ја прогласи за најдобро платена пејачка во 2013 година, со процена од заработени 125 милиони долари од музиката, како и од продажбата на сопствените линии облека и парфеми.
