ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 15гр шеќер во прав
* 15гр путер
* 500гр путер тесто
ЗА КРЕМОТ:
* 2 јајца
* 80гр шеќер во прав
* 40гр брашно
* 300мл млеко
* 2 лажици рум
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ја мачкаме тавата и го ставаме тестото. Го мачкаме со путер и го оставеме да отстои 10 минути. Го попрскуваме малку со вода, го посипуваме со шеќер во прав, дупчиме со вилушка и го ставаме да се пече на 200 степени околу 15-20 минути.
За кремот: Во сад ги матиме јајцата со шеќерот, го додаваме брашното и мелкото. Ја ставаме семсата на шпорет да зоврие, постојано мешајќи. Вариме 15 минути на тивок оган, постојано мешејќи. Го додаваме румот, мешаме и оставаме да се излади.
Го разделуваме испеченото тесто на три еднакви ленти па помеѓу секоја од нив мачкаме од кремот. И се така додека ги покриеме сите. На крајот завршуваме со кора.
Последната кора ја посипуваме со шеќер во прав.
