Мајли Сајрус себе си си обезбеди место за луда забава. Неодамна купи модерна куќа за 3.9 милиони долари.
Интересно е тоа што таа е само на неколку чекори од студиото Волт Дизни од каде што Мајли ја започна својата кариера. Куќата има 5172 метри квадратни и може да се пофали со 5 спални соби и 6 бањи, во потполност обезбедени со најсовремени безбедносни системи.
Градината која ја поседува куќата е импресивна, со прекрасен пејсаж. Секој дел од просторот е приватен и истовремено овозможува прекрасен поглед на околината. Постои и посебна куќа за гости која се наоѓа на другата страна од гаражата.
Во центарот на домот се наоѓа огромна дневна соба со подови од полно дрво клоја преку огромните прозорци овозможува прекрасен поглед на градината. Во градината се наоѓа и базенот како и место за одмор.






