За да ги направите овие проѕирни и скелетасти листови, најпрво ставете 10 лажички сода бикарбона во 1 литар вода. Доведете ја водата до вриење и ставете ги листовите.
Дозволете истите да провријат околу 20 до 30 минути и тогаш нежно отстранете ги листовите и поставете ги на парче пешкир за да ја впие водата.
Со мека четка почнете да го отстранувате горниот зелен дел од листовите. Веднаш ќе го видите скелетот на листот.
Потопете ги листовите во вода и боја за храна и повторно ставете ги на пешкир.
Листовите искористете ги по желба.

