Еден од најпознатите high street брендови неодмана ја претстави својата пролетна колекција.
Со цел малку да ве развеселиме и да ја разбиеме оваа монотонија, ви ја претставуваме пролетната колекција и модните трендови за пролет . Започнуваме со претставување на пролетната колекција од најпознатиот шведски high-street бренд. Станува збор за H&M.
Колекцијата на H&М ja карактеризираат ретро парчиња со богати принтови, весели бои и хоризонтални пруги. Освен тоа како клучни парчиња се истакнуваат црно-белите комбинации, романтичните блузи и здолништа, женствените сакоа и панталони во ретро стил.
Во продолжение можете да го погледнете lookbook-от на H&M за пролет/лето 2014.


