Sweet Home

КАКО ДО МАНИМАЛИСТИЧКИ СТИЛ ВО ДОМОТ ???

Минималистичкиот дизајн во домашното уредување внесува помалку стрес и поголема уредност на просторот. Нередот е форма на визуелно одвлекување на вниманието и сè она што во нашата визија излегува од концентрацијата, дел по дел. Колку помалку неред, толку помалку стрес во домот.

Минималистичкиот дизајн е смирувачки и јасен стил на уредување, кој создава чувство на среденост и подреденост. Ја проширува самата појава на просторот и елементите во него и во секој случај го прави просторот лесен за одржување и чистење.

Изгледот варира од вашата лична желба колку сакате домот да изгледа минималистички и од вашиот вкус. Од тоа колку сте минималистички расположени и настроени, некој повеќе, а некој помалку. Еден минималистички дизајн треба да содржи минималистички мебел. Тој се состои само од неколку основни и есенцијални парчиња. Така на пример дневната соба може да содржи удобен кауч или лежечка фотелја, кафе масичка и телевизор со хај тек дополнителна опрема. Спалната соба може да се акцентира со еден едноставен кревет, плакар и ноќна масичка. Доколку минимализмот оди во пошироки граници, може да се изостави и некој од погоре наведените елементи. Важно е површините да бидат чисти и такви да ги одржувате. Во минималистичкиот дизајн рамните површини се чисти, се допушта една или две декорации за прекршување на клиничкиот стил на просторот. Бидејќи домот кој е сосема чист од предмети е досаден, работете со акцентски декорации, но одржувајте ја децентноста во уредувањето. Секогаш имајте ја на ум мислата квалитет над квантитет, помал број на предмети, но со повисока вредност.

 За да создадете дизајн во минималистички стил, треба да почитувате неколку основни правила. Следете ги нив и на лесен начин, чекор по чекор, вашиот дом ќе добие поинаков изглед и димензија.

Уредувајте соба по соба

Доколку не го уредувате целиот дом сосема од почеток, започнете од една соба, па продолжете со друга. Фокусирајте се на една соба и исчистете ја од непотребни предмети и мебел. Откако ќе ја поедноставите таа соба, преминете на наредната.

Започнете од мебелот

Најголемите нешта во собата се парчињата на мебел. Колку помалку парчиња мебел, толку подобро. Размислете кои елементи од него може да се елиминираат без да ја жртвувате удобноста на вашиот престој во домот. Оставете едноставни и чисти парчиња во просторот, со солидни бои и чисти површини.

Оставете го есенцијалното

Оставете го само основното и потребното, без кое навистина не може да се живее. Отстранете го непотребното и сè она што смета и не се вклопува во стилот на уредување.

Чисти подови

Подовите треба да бидат чисти и тоа не само исчистени од нечистотии, туку од целосни покривки и натрупани килими. Ништо не треба да го натрупува просторот, ништо не треба да се складира врз подот. Доволно е еден мал и едноставно дизајниран килим врз чист и јасен под. Сè друго излегува од рамките на минималистичкиот стил на уредување на домот.

Чисти површини

Чисти површини насекаде, на подот, на мебелот, на ѕидовите. Не декорирајте и не поставувајте повеќе од два до три декоративни додатоци. Одржувајте ги ѕидовите чисти, не заборавајте станува збор за минимализам во уредувањето. Поставете една до две уметнички слики или фотографии, со кои ќе се разбие монотонијата, но истовремено ќе внесете поголема вредност на просторот. Добро изгледа и некоја интересна и стилска полица, која исто така треба да се одржува минималистички и ненатрупана.

складирање надвор од видик

Чувајте ги работите и предметите надвор од видикот, со помош на плакари или едноставни висечки кабинети. Доколку имате повеќе простории и поголем број на предмети кои секојдневно ги користите, одделете една мала соба за складирање.

Едноставни и вредни декорации

Во декорирањето одржувајте го стилот чист и јасен, едноставен, но вреден. Поставете помали или поголеми декоративни предмети, но во мал број, два до три се сосема доволни. Колку е поголема вредноста на предметот, толку повеќе ќе го збогатите просторот и тоа со само мал одреден број на елементи.

Отворени прозорци

Голи прозорци или солидно обоените завеси или само стилска ролетна. Тоа е доволно за да се отворат прозорците, за да внесете дополнителен минимализам.

 Едноставни текстури и шеми

 Најдобар минималистички избор се солидните бои и материјали за мебелот и декорациите. Се допушта поставување на акцент со одредена текстура, но и таа треба да е минималистички застапена и да не ја нарушува спокојноста на просторот и неговиот целосен изглед.

 Кротки и солидни бои

Доколку сакате, може да имате распрскувачка боја во собата, но најчесто минималистичкиот стил тргнува од кротките и загасени бои кои го смируваат човековото око и душа. Белата боја е основна и класична минималистичка боја. Во последно време тоа е и црната боја. Овие две бои како основа се комбинираат меѓу себе, а се комбинираат и често со црвената или некоја друга солидна боја. Сепак, земјените тонови, зелените, сините, кафеавите нијанси, се оние кои често се применуваат во минималистичкиот стил на уредување.

Земјени тонови во склоп на современа и минималистички уредена спална соба

 Место за сè

Во минималистичкиот дом важно е за сè да се има одредено место. Подреденоста е исто толку значајна како и едноставноста. Секој дел, секој елемент треба да е така поставен, да создава чист и јасен изглед на просторот, непречено функционирање во него и удобно живеење во истиот.

Write A Comment