Пејачката Бијонсе е највисоко платен изведувач во светот на шоу-бизнисот со приход од 113.830 долари во една минута, пренесуваат британските медиуми.
Бијонсе според истражувањето на сајтот ”Соситајм”( Saucytime) се најде на првото место, затоа што на приватната забава за Нова Година во Њујорк за пет отпеани песни заработи околу два милиони долари.
На второто место се наоѓа Мараја Кери, која на слична забава за отпеани пет песни заработила околу 1 милион долари.
На првите пет места се најдоа и Кајли Миног со 52.875 долари во минута, Џенифер Лопез со приход од 44.057 долари и 35.250 долари за Ролинг Стоунс за една отпеана минута.
