Најпознатиот американски рапер Џеј Зи одлучи да започне продажба на маици за да го поддржи движењето „Окупирајте го Вол Стрит“. Неговата компанија за гардероба Rocawear започнала со производство на овие маици, само со малку изменета парола, па така наместо “Occupy Wall Street”, пишува “Occupy All Street”, а ќе се продаваат за 22 долари.
Она што е интересно е фактот дека Џеј Зи не планира да го подели профитот со организаторите на протестите кои веќе со недели траат низ САД и други делови во светот. Представник од компанијата Rocawear изјавил: „Нашата компанија сака да го поддржи секое изразување, без оглед дали е уметнички, политички или социјален. Ова е начин да објасниме дека потребна е промена секаде, не само на Вол Стрит“.
До сега на протестите „Окупирајте го Вол Стрит“ присуствуваа раперот Кание Вест и гитаристот на групата Rage Against the Machine, Том Морело.
