Африка е идеална дестинација за сите оние кои сакаат да одат во авантура, да дојдат во допир со природата и да се восхитуваат на убавата глетка. По долгата авантура во дивината, најдобар одмор можете да пронајдете во луксузна вила.
Оваа прекрасна вила се наоѓа во Зембези, во близина на реката Chongwe. Реката е место каде што животните се собираат за да пијат вода, така што посетителите имаат единствена можност да го сретнат дивиот животински свет од својата соба.











