Дестинации

Одмор само за оние со длабок џеб

Вилата “Casa Hannah” има совршена местоположба во центарот на Семинјак, најлуксузниот дел на Бали. Сместена на само 45 минути од аеродромот, ултра модерната и неверојатно луксузната вила се наоѓа и на само неколку метри од плажата и морето.

Кога еднаш ќе го поминат прагот на оваа вила, гостите влегуваат во бајковито место, на “островот на боговите”. Покрај врвниот дизајн, вилата привлекува со приватноста и удобноста. Огромниот, елегантен и навидум бесконечен базен е границата помеѓу двата “света”: од едната страна е убавата трпезарија, додека од другата страна е големата дневна соба, заедно со барот, канцеларијата и кујната.

Посебно дизајнираните скали водат кон неколку различни спални соби и едната главна соба, сместени на вториот кат, заедно со бањата и терасата. Она што е заедничко за секој агол од куќата е високиот врвен квалитет на материјалите кои што се употребени при изградбата на оваа неверојатна вила. Во рамките на одморот, посетителите на располагање имаат и персонал кој што ќе се потруди на своите гости да им понуди незаборавно искуство. Во непосредна близина на вилата се наоѓаат и голем број на трендовски продавници и ресторани, како и фитнес и спа центри.

Во зависност од тоа во кој период од годината се изнајмува вилата, нејзината цена за еден ден се движи од 1.300 до 1.800 евра, а истата е со капацитет од 10 возрасни лица, но постои и можност за зголемување на капацитетот.

 

Write A Comment