Од географска страна Кападокија се граничи со Таур, на исток со Еуфрат, на север со Црното море.
Во 1 век п.н.е. Кападокија станала римска провинција, а подоцна била вклучена во составот на Византија и Османлиската империја.
Во праисториските периоди првите човечки населби биле изградени под земја во вулкански карпи поради заштита од дивите животни.
Постојат многу подземни градови во областа Кападокија, но најголем е градот Деринкују.
Оваа област е најмистичниот и најтаинствениот предел на светот.
Сега се и некои праисториски градби реновирани и претворени во хотели поради големиот број на посетители кои доаѓаат да ја видат оваа праисториска фасцинантна убавина.
Доколку некогаш имате можност да престојувате во Турција, сетете се на нас и не заборавајте да го посетите овој праисториски раскош.









