Лакот за нокти треба да го искомбинирате со вашата шминка и гардероба. Меѓутоа важно е и да ви прилега на вашиот карактер и да умеете да ја носите бојата со која сте ги намачкале ноктите.
Од бели, па до нај дречливи нијанси на плава и зелена боја, лаковите за нокти ги има во сите бои и нијанси. Сепак они не стојат на сите исто. Со дреч жолта боја една девојка може да изгледа смешно, а на друга да се воодушевите. Откријте која боја вам ви прилега.
БЕЛА
Жената која одбира бели нијанси на лак за нокти е сигурна и сака класика. Таа знае што сака и не се впушта во експериментирање со новитети. Лакот во бела боја е погоден за со секоја комбинација на облека.

СВЕТЛО РОЗЕВА
Девојките кои се одлучиле за светло розев лак за нокти се конзервативни, елегантни и мислат дека секогаш се во право. Оваа нијанса е погодна за излегување, тренинг, па и за работен состанок.
ПИНК
Лакот за нокти во изразито розева боја е наменет за шик, секси и смели девојки. Кога носите ваков лак сигурно ќе бидете забележани.
ЖОЛТА
За жени кои се во тренд, кои имаат единствено чувство за стил. Девојката која го носи во душа е боем и рокер. Може да се носи во спортска комбинација, но нема да погрешите и ако го искомбинирате за вечерно излегување со краток црн фустан.
ПОРТОКАЛОВА
Идеална боја за девојки кои го сакаат летото. Они се женствени, расположени и уживаат во летото. Идеална нијанса искомбинирана со сите летни фустани.

СВЕТЛО ЗЕЛЕНА
Жената која ја носи оваа боја е весела, енергична и привлечна. Секогаш е во тренд и живее возбудлив живот. Освен ако не сте уметничка душа оваа боја не е за секој ден, можете да ја искомбинирате со сандали во слична боја.
ЦРВЕНА
Оваа боја на вашите нокти зрачи елеганција и романтика. Жената која носи ваков лак за нокти им кажува на другите дека е отворена, женствена и моќна.
ПЛАВА
Плавата е идеална за жени кои имаат младалачки дух, забавни се и спремни за предизвици. Освен тоа плави нокти оваа година се во тренд.
ЛИЛАВА
Темните нијанси можете да ги носите за вечерни излегувања, а светлите за денски. Оваа боја е префинета и наменета за модерни девојки.
