Motherhood

Амбициозните родители им штетат на децата!

Децата, притискани од родителите да успеат во животот по секоја цена, се склони кон депресија и развивање на сериозни комплекси. Тоа го покажува истражувањето на американските експерти. Психологот Маделин Ливајн ги нарекува таквите родители “хелихоптери” бидејќи кружат над главите на децата и сакаат да ја следат секоја секунда од нивниот животот. Родителите “хелихоптери”, сакаат нивните деца одлично да се справуваат со се. Често кај децата оставаат впечаток дека не можат да се справат доволно добро со речиси ништо и никогаш нема да се во можност да се допаднат на мама и тато. Ливјан исто така објаснува дека кај овие деца се зголемува ризикот да посегнат по дрога во тинејџерските години, па дури и кон самоубиство. “Најопасното чувство кај едно дете е омразата кон самото себе,  родителите кои премногу бараат од децата,  само го зголемуиваат тоа чувство”, објаснува таа.

Родителите кои сакаат преку децата да ги остварат сопствените представи за успех, не разбираат дека со континуирано мешање во детскиот свет, го попречуваат нормалниот развој на децата. “Секое дете има потреба да остане само, да се пронајде себе, да експериментира. Децата треба да разберат што значи неуспех и да научат како сами да се справат со предизвиците. Еден разумен родител треба само да дава насоки, но не и да го диктира животот на детето”, завршува таа.

Write A Comment