ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 бајата кифла или бајат леб
* 1 кромид
* 1 чешне лук
* 500 грама мелено месо
* 1 јајце
* 1 лажица масло за јадење
* 400 грама шампињони
* 200 грама спанаќ
* Сол и бибер
* Малку мајчина душичка ( свежа или сужена )
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Размекнете ја бајатата кифла (или 2 -3 кришки бајат леб) со вода. Исечкајте ја главицата кромид и помешајте ја со месото, јајцето, додадете сол и бибер. Направете ги ќофтињата во големина по Ваша желба и испржете ги на среден оган.
Печурките испржете ги во маснотијата од месето, додадете го спанаќот, мајчината душичка, посолете додадете малку вода и издинстајте ги состојките. По 5 минути долијте уште малку вода и додадете ги предходно испрежените ќофтиња и оставете да се динстаат 10 минути.
Послужете и …
Уживајте!
