ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500 гр мелени плазма кекси
* 250 гр маргарин (може и путер)
* 4 супени лажици шеќер во прав
* 2 супени лажици какао
* 150 гр мелени ореви
* малку млеко
* 100 гр чоколадо за готвење (за глазурата)
* 50 гр путер (за глазурата)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1.Во длабок сад ставете ги кексите, какаото, шеќерот во прав и оревите и се убаво измешајте.
2.Маргаринот растопете го, и додека е млак, додадете го во смесата. Мешајте додека не се добие хомогена смеса.
3.Од приготвената смеса направете топчиња и оставете ги во фрижидер додека не се стегнат. (Ако смесата не може да се обликува, оставете ја малку во фрижидер, а потоа правете ги топчињата.
4.Во сад на пареа растопете го чоколадото и измечајте го со путерот. Секое топче потопете го со глазурата. Оставете ги бомбичките во фрижидер додека и глазурата не се стегне.
