Едноставен и многу ефикасен рецепт од руската традиционална медицина за лекување на воспаление на грлото и крајниците и ангина.
Потребно е:
* 1 поголемо цвекло
* 9%-тен алкохолен оцет
Подготовка на лекот и делување:
1- Цвеклото изрендајте го ситно.
2- На 250гр изрендано цвекло додадете 1 супена лажица оцет (на 500гр-2 супени лажици).
3- Измешајте и оставете да отстои 15-20 минути.
4- Добро исцедете низ газа или пластична цедалка.
5- Остатоците од цвеклото, фрлете ги.
Дозирање и употреба:
Редовно правете гаргара, на секои 2-3 часа ( може и да го проголтате, за подобар ефект) и резултатите ќе бидат видливи! На овој начин цвеклото успешно го лекува хроничното воспаление на грлото и гнојната ангина.
