Не ретко се случува да се соочуваме со овој проблем, опаѓање на косата. Пред да се посегнеме по хемиските средства кои се наменети токму за опаѓање на косата можеби и може да си помогнеме со некои природни средства. Обидете се со лосионот кој може и самите да го подготвите дома.
Потребни состојки за домашниот лосион се:
15 лажици сува коприва ситно исецкана
5 лажици цвет од камилица
300 мл вински оцет

Начин на подготовка:
Во 1,2 литри вода која врие ставете ја копривата. Потоа поклопете, тргнете го садот од оган и оставете нека стои два часа. По два часа ставете го садот повторно на оган и кога ќе се стопли ставете ја камилицата. Тргнете од оган и оставете нека отстои уште два шаса. Потоа процедете и додадете го винскиот оцет.
Секоја втора вечер мачкајте се со овој лосион. Или правете го тоа кога знаете дека ќе бидете дома.
За да ефектот биде поголем потребно е и да се масирате со лук, но поради силниот мирис многу често го избегнуваме. Затоа практикувајте го лосионот, но бидете редовни за да постигнете резултати.
