Дали во животот се водите според гласот на разумот, или пак знаете да се потпрете на вашата интуиција ???
Во која мера е развиено Вашето шесто сетило?…ќе дознаете во следниов квиз !
1. Дали Ви се има случено наутро, штом ќе станете, да имате решение за проблемот кој ве мачи веќе неколку денови ?
а) понекогаш ( 5 бода )
б) никогаш ( 1 бод )
в) често ( 10 бода )
2. Вашата пријателка Ви поставува провокативно прашање…
а) Не придавате никакво значење на тоа ( 1 бод )
б) Чудно…помислувате, но ќе поминете преку тоа ( 5 бода )
в) Веднаш претчувствувате вистински повод за прашање ( 10 бода )
3. Колку обрнувате внимание на говорот на телото ?
а) По малку ( 5 бода )
б) Многу ( 10 бода )
в) Не приметувам ( 1 бод )
4. Ве чека многу важен и решавачки разговор :
а) Се прашувате што да облечете ( 5 бода )
б) Се трудите да имате што посигурен став ( 10 бода)
в) Се стремите да се претворите во личноста што е пред Вас ( 1 бод )
5. Наидовте на здодевен собир…
а) Чекате, со надеж дека бргу ќе заврши ( 1 бод )
б) Изнесувате идеја која би ја окончала дискусијата ( 5 бода )
в) Предложувате да се излезе на пица ( 10 бода )
6. Што цените најмногу кај едно машко ?
а) Стилот ( 5 бода )
б) Духовитоста ( 10 бода )
в) Физичкиот изглед ( 1 бод )
7.Што Ви значат правилата во животот ?
а) Ни даваат правец во однесувањето ( 5 бода )
б) Потребни ни се за правилно да живееме ( 1 бод )
в) Наведуваат на престап ( 10 бода )
8 . Кое мото од следниве би го избрале ?
а) „Сто акушерки- килави деца“
б)„ Подобро еден ден како лав, отколку сто како глушец“
в) „Бавно му оди на оној кој се свртува“
Од 32 до 55 бода: Вие сте умерено интуитивни и често не му дозволувате на Вашето често сетило да исплива на површина…До тоа би дошло, само ако ја зголемите Вашата самодоверба…Кај Вас- интуицијата се раѓа, но Вие го слушате разумот…На интуицијата и верувате само откако работите ќе се случат. Почнете да ги следите идеите кои за Вас се несекојдневни и повеќе верувајте во себе.
Од 56 до 80 бода: Вам, интуицијата Ви е постојан сојузник низ животот и премногу Ви е развиено шестото сетило. Често избегнувате алтернативни решенија и затоа на луѓето им делувате ексцентрично. Продолжете така и не плашете се дека она што ќе произлезе од кругот на рационалноста, ќе ја загрози Вашата стабилност.
