Мојата кујна

Равиоли со песто крем сос

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 пакетче равиоли

2 лажици маслиново масло

2 лажици мелен лук

2 лажици  путер

2 лажици брашно

2 чаши млеко

1 прстофат сол

1 прстофат бибер

1 шолја  рендан пармезан

1 чаша домашно подготвено  песто (ако имате) или една тегличка купено (го има во поголемите супермаркети)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1. Во поголемо тенџере ставете вода со сол да зоврие, ставете ги равиолите и варете како што е наведено на упатството, кога ке бидат сварени исцедете ги.

2. Во поголемо тавче на средна температура загрејте го  маслиново масло. Додадете ги лукот и путерот и пржете околу 1 минута.

3. Растворете го брашно во млекото и додадете го во тавчето со путерот и лукот, ставете ги солта и биберот , сето тоа нека врие 4 минути, мешајќи постојано. Додај те го пармезанот и мешајте додека се стопи. На крај ставете го пестото, промешајте и тргнете го тавчето

4. Ставете ги сварените равиоли на чинија и посипете ги со Песто крем сосот. Гарнирајте со малку сецкан магдонос и свеж босилек.

Write A Comment