ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 250 г. бисквити
* 150 г. млечно чоколадо
* 100 г. благ путер
* 150 г. мед
* 100 г. суви кајсии, исецкани
* 75 г. суво грозје
* 60 г. сецкани ореви
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Обложете ја тепсијата со хартија за печење
- Иситнете ги бисквитите, користејќи толчник, а претходно ставете ги во пластична кеса, за да не летаат насекаде.
- Стопете ги чоколадото, путерот и медот на пареа. Повремено мешајте.
- Тргнете ги садовите од оган и измешајте ги мелените бисквити, сувото грозје, оревите и сувите кајсии.
- Смесата ставете ја во тепсија и израмнете ја одозгора.
6, Оставете да се олади, а потоа ставете чоколадо врз неа и ставете во ладилник на 1-2 часа.
- Пред сервирање исечете го колачот на 12 коцки и уживајте во вкусот.
