Веќе знаете дека треба да пиете многу течности во текот на денот и дека најдобро е да се пие вода. Сепак, ако сте љубители повеќе на овошни сокови и други пијалоци, постои алтернатива за вода која ќе ви го даде истиот ефект како и водата.
Црниот чај е многу добар, бидејќи го намалува нивото на холестерол во крвта, го ублажува стресот и ја стимулира меморијата.
Зелениот чај е одличен антиоксиданс, а исто така го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.
Камилицата е идеалена за ослободување од стресот и анксиозноста, а е многу добра кога сакате да се опуштите.
Чајот од брусница е добар против уринарни инфекции , а исто така е добар за стомакот.
