Royaye Sefid VI “Asha” – невестинска колекција
Во 1997 година, Leila Hafzi ја лансираше првата модна куќа за висока мода во Норвешка. Од тогаш па се до денес се произведуваат модели со етички и еко-свесни детали, кои ги имаат освоено бројните симпатии и почит од модната индустрија, но и подршката од црвениот тепих.
Royaye Sefid VI “Asha” колекцијата е линија на невестински фустани и вечерни тоалети создадени во соработка со непалски занаетчии. Ваквата колекција ќе се одликува со рачно изработена свила, чипка и везени детали.
“Инспирација за колекцијата Royaye Sefid VI доаѓа од подвижните расположенија на ветерот и океанот. Расположението на природните елементи е искажана низ сложената рачна работа на занаетчиите во Катманду, Непал. Палетата на меки бои вклучува чисто бела и крем. Како и со сите Royaye Sefid колекции, тоалетите и венчаниците се достапни во светли нијански, како шампањ, светло розовата, како и повеќе варијанти на светли бои за на црвениот тепих или други важни настани .”













