Изработката на овој спреј е брза, едноставна и евтина, а дава и одлични резултати.
Потребни состојки:
- 50 мл медицински алкохол
- 300 мл вода
- 40 капки етерично масло
Начин на изработка:
Ставете ги алкохолот и маслото во шишенце со пумпа и протресете. Потоа додајте ја и водата. Попрскајте од ова средство на излегување од тоалетот. Секогаш протресувајте го шишето пред употреба.
