Art & Crafts

Направете модерна плетенка

Плетенките можете да ги направите на безброј начини и се секогаш во мода. Може да бидат едноставни, но и малку комплицирани за правење. Оваа верзија на модерна плетенка која ке ви ја покажеме е совршена за во пролет и лето. И што е најважно, многу е лесна за правење.

Чекори 1, 2

1. Поделете ја косата на три дела. Сите делови треба да бидат еднакви, но може и делот во средина да биде малку поголем од другите.

2. Сплетете го делот во средина и врзете го со ластиче.

Чекори 3, 4

3. Сега, направете плетенка од сите три дела, вклучувајќи го и делот кој претходно го сплетовте. Врзете го со ластиче.

4. Отстранете го ластичето од средишниот дел (чекор 2)

Чекор 5

5. Повлечете ја малку плетенката за да има повеќе волумен.

Write A Comment