Ова е интересен предлог за сите оние кои го сакаат пивото. Овој рецепт се подготвува кога пиете пиво. Одлична комбинација…
Потребни состојки:

– кисели краставички една тегла
– две јајца
– брашно
– сол
– масло за јадење
Најпрво исецкајте ги краставичките. Потоа изматете ги јајцата.

Додаете ја солта.

Потоа ставете го и брашното.

Краставичките потопете ги во смесата и ставете ги во загреано масло да се пржат.


Откако ќе се испржат ставете ги на решетка да се исцеди непотребната мрснотија. Посолете уште еднаш.


Направете сос со павлака, мајонез и оригано.

Послужете со пиво!
