Состојки:
300 гр кашкавал
100 гр брашно
50 гр лебни трошки
2 јајца
масло за готвење
Подготовка:
Исецкајте го кашкавалот на парчиња, обликот нека биде по ваша желба. Секое парче извалкајте го во брашно, а потоа во јајца и на крајот во лебните трошки.
Така припремени ставете ги да се пржат во загреано масло.
Пријатно јадење!
