Состојки:
За кората:
10 белки
20 лажици шеќер
5 лажици брашно
1 лажица какао
1 прашок за пециво
200 гр мелени печени кикирики
1 лажица масло
За филот:
1 маргарин
250 гр шеќер во прав
10 жолчки
100мл вода
200гр шеќер
200гр чоколадо
400 гр мелени печени кикирики
Глазура:
100гр чоколадо
10 лажици млеко
6 лажици шеќер
100 гр маргарин
Изматете 10 белки со 20 лажици шеќер, па додадете 5 лажици бражно, 1 лажица какао и прашок за пециво, 200 гр кикирики и лажица масло. Ставете ја смесата во добро намастен и побрашнет плех, и ставете ја за печење.
Добро изматете 1 маргарин со 250гр шеќер во прав, па додадете ги 10те жолчки. Сварете 100мл вода со 200гр шеќер, па додадете 200 гр чоколадо. во изладената смеса додадете го кремот од жолчките и уште 400 гр од кикирики, па филувајте ги корите.
Соединете 100гр чоколадо, 10 лажици млеко, 6 лажици шеќер и 100 гр маргарин, па прелијте ја оваа смеса преку филот.
