ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* околу 1 килограм млади компири
* 1 лажица маслиново масло
* 1/2 лажичка сол
* 2 лажици немасно млеко
* 1 лажица путер
* 1/2 лажичка мелен црн бибер
* 1/2 чаша рендан тврд кашкавал
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови.
Намачкајте ги компирите со маслиново масло и насолете ги. Така целите компири печете ги 35 минути или додека не се меки. Извадете ги од рерна и пошекајте 10 минути додека не се оладат.
Кога ќе се оладат, нелупените компири пресечете ги на половина, и со помош на лажичка извадете им мал дел од средината.
Во длабок сад комбинирајте ги остатокот од компирите (средината што ја извадивме), млекото, путерот, биберот и сирењето и остатокот од солта и добро промешајте дури не се изедначи смесата.
Со лажичка наполнете ги печените компири и повторно наредете ги на тепсија и печете ги уште 15 минути на истата температура.
