Што всушност ја чини оваа куќа вредна неверојатни 190 милиони долари и со самото тоа и најскапа куќа во Америка?
Актуелниот сопственик на овој имот во Конектикат, познат и како фармата „Copper Beech“, е бизнисменот Џон Руди, кој ја купил од семеен пријател во 80-те години.
Пред да биде во сопственост на господин Руди, имотот бил во сопственост на пријателот Ендрју Карнеги – еден од основачите на компанијата „US Steel“.
Раскошната викторијанска вила од 1.500 квадратни метри е изградена во 1898 година и поседува дури 650 квадратни метри подрумски простор.
Се простира на имот од 30 хектари, кој претежно е од ливади и од шума, во чиј состав се и два острова. Куќата има 12 спални соби, 9 бањи, тениски терен, огромен базен долг 23 метри, раскошна градина уредувана од стручњаци од ботаничката градина во Њујорк, како и приватна плажа.
Иако оваа колонијална вила е навистина импресивна, како и нејзината цена, новиот сопственик ќе има многу работа и дополнителни трошоци за реновирањето, бидејќи во повеќето простории нема централна клима, а кујната се наоѓа во подрумот, покрај просторијата за послугата.








