ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 11 кг. црвени пиперки
* ½ кг. домати
* 10 гр. сол
* 1 дцл. зејтин или масло за јадење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Најпрво пиперките и доматите се печат, доколку немате соодветно место направете го тоа дома во рерна, а потоа се лупат и внатрешноста се чисти.
Потоа во поголем сад се става зејтинот убаво се загрева и се додава смесата за печење.
Се меша постојано со голема лажица за да не се зафати на површината неколку саати се зависи од големината на смесата и повремено се става сол.
Откако убаво ќе се испржи се додава малку шеќер и смесата се става во загреани тегли.
Ајварот е редовен и постојан дел од зимницата затоа што најлесно се конзервира и најдолго може да опстои во зимскиот период од годината.
